fbpx

CANESTEN-1 вагинална таблета 500mg

420 ден

CANESTEN-1 таблета, 1x500mg – брз третман на габични инфекции.

Содржат клотримазол за ефикасен третман на вагинална кандидијаза. Го намалуваат чешањето, печењето и исцедокот, обезбедувајќи брзо олеснување и обновување на вагиналниот баланс.

Категорија Brand:Bayer

Kлотримазол е дериват на имидазол со антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.
Канестен® 1 вагинална таблета се користи за лекување инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто CANDIDA) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.
– 6 главни симптоми:

  • Чешање
  • Оток
  • Црвенило
  • Необичен исцедок
  • Печење
  • Болка

Кандидијазата обично не го менува нивото на pH и нема мирис, но може да почувствувате болка за време на секс или мокрење.
Без грижи!
Можеби чувството е непријатно, но нема потреба да се плашите. Кандидијазата не е сексуално пренослива болест или сериозна состојба и во повеќето случаи може лесно и ефикасно да се излечи. Исто така, вообичаена е и многу честа – 3 од 4 жени ја добиваат барем еднаш за време на нивниот живот и не е предизвикана од недостаток на хигиена.

Shopping Cart
Scroll to Top