fbpx

Tylol Hot x 12 кесички – Apteka Dijana

384 ден

Tylol hot кесички за грло и настинка

Tylol hot кесички за возрасни

Состав

  • 500мг парацетамол,
  • 4мг хлорфенирамин малеат,
  • 60мг псеудоефедрин HCL,
  • натриум бензоат
  • кинолин жолта како боја,
  • сахароза како засладувач,
  • прашок со вкус на лимон како ароматично средство.

Парацетамолот е лек против болка кој припаѓа во групата на неопиоидни аналгетици.
Парацетамол исто така има аналгетично и антипиретично дејство.

Хлорфенирамин припаѓа во групата на лекови наречени антихистаминици кои помагаат при ослободување на симптомите на алергија како: ринореа, назална
конгестија, црвенило и/или преосетливост на очите.

Псеудоефедрин хидрохлорид е деконгестив кој го отстранува чувството на затнат нос.

Овој лек може да се употребува за олеснување на симптомите од настинка и грип, вклучувајќи лесни до умерени болки, кашлица, течење на нос, главоболка, затнат нос и синуси и намалување на зголемена телесна температура.

Начин на употреба

Содржината од кесичката треба да се раствори во 160 мл топла вода ( стандардна големина на чаша ) и веднаш треба да се испие. Може да се пие на секои 6 часа. Препорачана максимална дневна доза е 4 кесички.

Пред употреба на лекот внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи
важни информации за вас.

Shopping Cart
Scroll to Top