Ослободува природни испарувања од етерични масла и помага во подобрување на дишењето кај деца, особено во текот на ноќта. Активен е 6-8 часа.
Содржи
Етеричното масло од еукалиптус традиционално се користи за прочистување на горните дишни патишта, ублажување на кашлица и олеснување на дишењето.
Етеричното масло од лаванда го карактеризира пријатен мирис кој опушта. Традиционално се користи за ублажување на благите симптоми на ментален стрес и исцрпеност и како помош за спиење.
Етеричното масло од нане традиционално се користи за отпуштање на мускулите, ублажување на напнатоста, главоболки, кашлица, засипнатост и останати симптоми на настинка.
Фластерот се лепи на детската пижама во пределот на градите.
Можат да го користат деца над 2 годишна возраст.
Не се користи во случај на познати алергии на етерични масла и кај астматичари.
Да се избегнува контакт со очи, слузокожа и отворени рани. Да не се голта. Да не се прицврстува на кожа.
Дејствува 6-8h и погоден е за примена во текот на ноќта.






