fbpx

Lysobact spray – Apteka Dijana

320 ден

Lysobact Spray кај болка во грлото и болки при голтање.

Lysobact Spray содржи нова единствена подобрена основна формулација на лекот Lysobact. Lysobact Spray содржи две активни компоненти во една формулација: лизозим и антисептик цетил пиридин хлорид.
1 ml од лекот  Lysobact Spray содржи 20 mg лизозим хлорид и 1,5 mg цетилпиридин хлорид.

Лизозим е единствената супстанција од природно потекло, која е и значаен фактор на природниот имунитет, со своето повеќекратно корисно тераписко дејство помага во заштита и оздравување на слузницата на устата и грлото. Цетилпиридин е орален антисептик со широк антимикробен спектар на дејство против многубројни микроорганизми, влкучувајќи и вируси и габи. Лизозим и цетилпиридин покажуваат заедничко и синергистичко антимикробно дејство. Ефикасноста и сигурноста на двете активни компоненти во лекот е докажана во многубројни контролирани клинички и претклинички студии.

 

Активните компоненти на лекот Lysobact Spray:

  • дејствуваат против причинителите на воспалението (бактерии, вируси , габи),
  • го смируваат воспалителниот процес,
  • помагаат во зараснување на рани и оштетувања на слузницата на усната шуплина,
  • ја штитат слузницата на усната шуплина и грлото,
  • го зајакнуваат локалниот имун одговор
  • доведуваат до благо аналгетско дејство.

Lysobact Spray  е одличен тераписки избор за лекување на акутни воспалителни состојби на слузницата на устата и грлото.

Lysobact Spray се применува кај:

  • болка во грлото и болки при голтање,
  • воспаление на крајници,
  • воспаление на голтник,
  • воспаление на гингиви (gingivitis)
  • воспаление на слузницата на устата (stomatitis)
  • мали ранички на слузницата на устата (afti)
  • пред и по оперативни зфатаи (крајници, грло)
  • кај повреди
  • кај апсцеси
  • по вадење на заби

Lysobact Spray претставува практичен и современ фармацевстки  облик на спреј со нова, единствена и подобрена формулација која содржи две  активни кмпоненти во еден лек

Lysobact Spray нуди избор помеѓу две единствени ароми:

  • освежувачки вкус  на пеперминт (го освежува здивот кој е чест пратечки симптом кај воспалителителните процеси во устата и грлото)
  • пријатен, и благотворен вкус на анис (делува смирувачки на слузницата на грлото и устата, т.е го ублажува чувството на иритација и кашлање).
Shopping Cart
Scroll to Top