fbpx

Ferroly капки 50 ml – Аптека Дијана

850 ден

Категорија Brand:4U PHARMA

Ferroly капки се наменети за надоместување на железото при недостаток на железо и сидеропениска анемија.

Во форма на железо (II) е бисглицинат хелат, кој се карактеризира со висока искористеност (апсорпција) и одлична подносливост.

Железото е есенцијален минерал вклучен во синтеза на хемоглобин и транспорт на кислород во телото. Недостатокот од железо доведува до намалено производство на црвени крвни зрнца (еритроцити) и развој на сидеропениска анемија, која се манифестира со симптоми како што се замор, слабост, бледило и намалена концентрација. Важно е да се истакне дека за разлика од возрасните, недостатокот на железо претставува невроразвоен фактор на ризик кај доенчиња и мали деца. Во критичните периоди од развојот на мозокот, недостатокот на железо може да доведе до последици за когнитивните и моторните функции кај детето.

Ferroly има благ и пријатен вкус, без изразен метален вкус што е вообичаен кај класичните препарати за железо.

Стабилната хелатна структура овозможува минимален контакт на слободното железо со рецепторите за вкус и придонесува за намалување на металниот вкус.

Вкусот придонесува за подобро прифаќање, особено кај децата, и ја олеснува редовната примена.

Добро протресете пред употреба.

Може да се појави присуство на талог или мали варијации во бојата, што се должи на природните карактеристики на формулацијата. Овие промени не влијаат врз квалитетот на производот.

 

Shopping Cart
Scroll to Top