fbpx

Dietpharm Refemin x 30 капсули – Apteka Dijana

330 ден

Dietpharm Refemin капсули се додаток во исхраната со екстракт од цимицифуга (Cimicifuga racemosa), наменет за подршка на жените во менопауза. Придонесува за намалување на топлите бранови, ноќното потење и другите менопаузални тегоби.

Dietpharm Refemin е додаток во исхраната наменет за жени во периодот на перименопауза и менопауза. Содржи стандардизиран сув екстракт од цимицифуга (Cimicifuga racemosa) – растение кое традиционално се користи за ублажување на симптомите поврзани со менопаузата.

Цимицифугата придонесува за намалување на честите менопаузални тегоби како што се топли бранови, ноќно потење, раздразливост и чувство на немир, обезбедувајќи природна поддршка во периодот на хормонални промени. Практичната формула овозможува лесна примена со само една капсула дневно.

Состав

Една капсула содржи:

Сув екстракт од ризом на Cimicifuga racemosa – 7,5 мг.

Начин на употреба

Се препорачува 1 капсула дневно, со оброк, со доволно течност.

Напомена

Додаток во исхраната не е замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Не се препорачува за бремени жени и доилки, лица со заболување на црниот дроб или естроген-зависни тумори. Доколку земате лекови, консултирајте се со лекар пред употреба. Не се препорачува континуирана употреба подолга од 3 месеци.

 

 

Shopping Cart
Scroll to Top