ANALGIN таблети 10 х 500 mg содржат: Metamizole sodium monohydrate 500 mg
Метамизолот е пиразолонски дериват од групата ненаркотични аналгетици. Поседува аналгетично, антипиретично, антиинфламаторно и спазмолитично дејство.
ИНДИКАЦИИ
Aкутни силни болки по повреди или по операции; стомачна болки во форма на колики (спазми); болки кај малигни заболувања; фебрилни состојби, посебно доколку не реагираат на терапија со други лекови. Аналгинот ја смирува болката и ја намалува покачената телесна температура.






