Основата за позитивните ефекти кои ги добиваме при употреба на овој производ е неговиот состав, во кој значајно место завзема ензимот липаза, кој има уникатна способност да го вари восокот, а ова е корисно за здравјето на човекот.
Претпоставката дека липазата која ја има во овој производ екорисна за човековото здравје, датира уште од пред 100 години. Испитувањата за дејството на липазата прв започнал да ги прави рускиот научник – зоопатолог, имунолог и геронтолог Илија Илич Мечников (добитник на Нобеловата награда за медицина во 1908 година). Тој тргнал од тоа дека многу вируси и бактерии имаат заштитна мембрана, која по составот и својствата е слична со восокот, а тоа значи дека мембраната е многу отпорна на хемиски влијанија.
Во традиционалната медицина кај словенските народи, многу одамна било познато својство на липазата. Релативно неодамна беше откриено дека дури и во старите руски книги има рецепти од XVII век, каде овој ензим се советувал за лекување на белодробните болести, кај возрасни луѓе и жени кои немале деца. Сепак, оваа информација била внимателно чувана и била предавана само од генерација на генерација во семејствата на пчеларите и билкарите.
Денес е познато дека долготрајната употреба на ензимот липаза од пчелините производи во храната и козметиката, има позитивно влијание.
Состав: високо квалитетен мед од северниот дел на Русија, прополис, полен, восок, ензим липаза, микросверична обвивка.
Начин на употреба:
Возрасни: по 1/2 – 1 кафено пластично лажиче 2 – 3 пати дневно се топи во уста, 30-40 минути пред јадење или 2 часа после јадење
Деца: од 1 до 3 години по 1/4 кафено пластично лажиче 2 – 3 пати дневно се топи во уста, 30-40 минути пред јадење или 2 часа после јадење
• од 3 до 7 години по 1/3 кафено пластично лажиче 2 – 3 пати дневно се топи во уста, 30-40 минути пред јадење или 2 часа по јадење
• од 7 до 14 години по 1/2 кафено пластично лажиче 2 – 3 пати дневно се топи во уста, 30-40 минути пред јадење или 2 часа по јадење.
Контраиндикации : индивидуална перосетливост на пчелни производи.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.






